Турски воен авион морал принудно да слета поради дефект откако учествувал во вежби на турските воздухопловни сили, пишува Daily Mail.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледа како авион лета над автомобилите на патот.
По прелетувањето на патот и возилата, следно било станбена зона. Инцидентот се случил во град кој се наоѓа на околу 400 километри од Анкара, главниот град на Турција.
На видео-снимките се гледа како делови од транспортерот S-160T паѓаат на и надвор од патот. Авионот набрзо паднал во контролиран режим, нема повредени, а причинета е мала материјална штета.