ВИДЕО | УАПСЕНА ПОРАДИ ЈАДЕЊЕ КАВИЈАР !? Русинка сакала да сними спот на “Црвениот плоштад“, а наместо тоа завршила во затвор

Руската полиција уапсила 41-годишна Русинка на „Црвениот плоштад“ во центарот на Москва додека таа снимала видео за нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм за сендвич со кавијар.

Гулина Науман (41 г.) решила да руча облечена во бунда на сред „Црвениот плоштад“, а за таа прилика со себе донела огромни парчиња леб и кофа од 14 килограми кавијар кои ги оставила на количка до нејзе. Еден вид настап во кој решила да замрзне пред Кремљ додека нејзината пријателка ја снимила, но и полицијата.

Полицајците кои биле во близина тоа однесување го сметале за сомнително и ги привеле Гулина Науман и нејзината другарка која снимала, по што три часа биле на распит.

На крајот тие биле ослободени без обвинение.

Како што изјавила Гулина Науман за MSK1.RU, нејзината намера била спотот да го сними во „ретро стил“ во ресторан во Москва, но кога дознала дека ресторанот е затворен, решила наместо тоа да ги снима сцените на „Црвениот плоштад“.

Очигледно не смеете да земете толку многу кавијар во близина на Кремљ. Кај нас изгледа е забрането да се биде шик“, напишала таа во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Како изгледал нејзиниот спот на крајот можете да погледнете ОВДЕ.

ИнстаграмМоскваполицијаРусија