Еден од најдобрите тенисери во историјата на светот, Новак Ѓоковиќ, привлече големо внимание кај обожавателите во Торино, но не само таму, туку и на секое место каде што ќе се појави.
На завршниот Мастерс во првото коло го победи Холгер Руне, а во второто коло беше поразен од Јанико Синер, но пречекот во овој град беше спектакуларен за сите тенисери.
Пред почетокот на натпреварувањето, тенисерите се појавија на заеднички собир, а по тој повод беа пречекани од голем број обожаватели и љубители на тенисот.
Токму во тој момент настана видеото кое стана хит на социјалните мрежи.
На него се гледа убава црнка која ентузијастички го гледа Новак Ѓоковиќ. Не ја трга насмевката од лицето, а од српскиот тенисер побара заедничко „селфи“ односно фотографија.
Вниманието на сите го привлече раката на оваа девојка која неколку пати заврши на раката на Новак Ѓоковиќ, но и на грбот на тенисерот.
За потсетување, Новак Ѓоковиќ во четврток во третото коло за ривал ќе го има Стефанос Циципас.