ВИДЕО | УЖАС – Жена се вратила од одмор и пронашла голема змија во нејзината ве-це школка: Борбата траела два дена, а на крајот настрадал и еден човек – погледнете

Мишел Леспрон од Тусон, САД, пронашла вистински хорор во тоалетната школка во нејзиниот дом. Додека била на одмор, огромен црн рептил се населил во нејзината тоалетна школка, пишува New York Post.

Како што вели, кога видела што има внатре, силно го затворила капакот и истрчала надвор.

Иако повикала помош, не и било лесно да го извлече рептилот од нејзиниот стан. „Тепачката“ со несаканиот гостин траела два дена, додека не бил извлечен од цевката и донесен на безбедно место.

Погледнете го вознемирувачкото видео ОВДЕ.

Змијата бесно реагирала, а во еден момент се нафрлила и го каснала човекот за рака. За среќа, тоа не било отровно „ѕверче“, па немало поголеми последици.

Мишел Леспрон истакнува дека проблемот е решен, но дека и понатаму е трауматизирана. Таа вели дека никогаш повеќе нема да влезе во бањата без вклучено светло.

Секогаш ќе го оставам капакот од тоалетот затворен, а татко ми постави бариери на покривот за змиите и другите животни да не можат да влезат во куќата“, изјавила таа за New York Post.

змијаСАД