Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Јапонија.
На првите видеа кои кружат на социјалните мрежи, а на кои наводно се гледаат моментите по земјотресот, на островот Хокаидо се слуша силен звук, по што зградите почнуваат да се тресат.
Како што соопшти EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 112 километри, а епицентарот бил токму во Хокаидо.
Според достапните информации, сè уште нема предупредувања за цунами.