ВИДЕО | УЖАС – Погледнете како изгледа поплавениот дел од југот на Украина: Речиси 15 населени места повеќе не постојат, водата полека се повлекува, но тоа може да предизвика голема штета!

Повеќе од 14.000 куќи во 15 населби и населени места во регионот Херсон, Украина, беа поплавени по експлозијата на хидроелектричната брана „Каховка“.

Градоначалникот на овој регион, Владимир Леонтиев, денес изјави дека нивото на водата почнало да опаѓа.

Нивото на водата продолжува да се намалува, не толку брзо како што би сакале, дефинитивно нема толку вода, полека се повлекува, предвидуваме дека овој процес ќе се забрза“, соопштил Владимир Леонтиев.

Украинските власти наведуваат дека околу 600 квадратни километри од областа Херсон на југот на Украина е под вода, а 68 отсто од тоа се на левиот брег на реката Днепар, која е под контрола од вооружените сили на Русија.

На социјалните мрежи кружат видеа од поплавените места, на кои се гледаат размерите на катастрофата на југот на Украина. Малиот град Голаја Пристан, кој има околу 15.000 жители, е претворен во езеро, а од водата ѕиркаат само покривите на највисоките згради.

Според информациите од тамошните медиуми целосно под вода е и селото Саги.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) предупреди дека рушењето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини.

Ерик Толефсен, прв човек на Единицата за контаминација со оружје на МКЦК, предупреди дека мините што ги носел бранот од водата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за спасувачките тимови.

Знаевме каде демне опасноста, сега не знаеме“, вели Ерик Толефсен.

И понатаму продолжуваат меѓусебните обвинувања меѓу Киев и Москва за уривањето на големата брана „Нова Каховка“ во областа Херсон, а според последните информации во поплавите загинале најмалку три лица.

бранавојнапоплаваРусијаУкраинаХерсон