ВИДЕО | УКРАИНА НАНЕСЕ ТЕЖОК УДАР НА РУСИТЕ – Погоден е еден од клучните мостови за снабдување со војници и оружје на јужниот фронт – погледнете!

Украинските воени сили го гранатираа мостот Чонгар, кој многумина го нарекуваат и како „Порта на Крим“, кој го поврзува полуостровот со регионот Херсон и јужниот дел на Украина.

Мостот претрпе големи оштетувања и сообраќајот по него е прекинат, а нема жртви во гранатирањето“, потврди Сергеј Аксинов, гувернерот на Крим, кој беше насилно анектиран од Русија во 2014 година. Сергеј Аксинов потврди дека проценката на штетата е во тек. Владимир Салдо, гувернерот на Херсон назначен од Русија, потврди дека мостот е оштетен, а фотографиите беа објавени на неколку канали на социјалната мрежа Телеграм

За потсетување, дел од областа Херсон заедно со делови од Запорожје, како и Доњецк и Луганск, беа анектирани од Русија по почетокот на инвазијата минатата година.

Се верува дека Украинците користеле ракети со долг дострел Storm Shadow за нападот, кои ги добиле од Велика Британија минатиот месец.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, да потсетиме, пред само неколку дена изјави дека украинските вооружени сили планираат да извршат напади на руска територија, вклучително и на полуостровот КримСергеј Шојгу потоа предупреди дека употребата на западно оружје надвор од зоната на специјални воени операции, како што Русија ја нарекува инвазијата, ќе предизвика итни руски напади врз центрите за одлучување во Украина.

Тој додаде дека таквиот потег ќе значи целосно вклучување на САД и Велика Британија во конфликтот.

Чонгар е еден од мостовите што го поврзуваат Крим со копното и е алтернатива на тесниот истмус што го обезбедува тоа.

Украинските воени сили, кои започнаа повеќестрана офанзива пред две недели за да ги ослободат областите окупирани од руските војници, се верува дека сакаат да го отсечат Крим од копното за да ги прекинат линиите за снабдување на руските воени сили.

војнаКриммостРусијаУкраина