ВИДЕО | Украинците веќе ја постигнаа првата голема цел во целосна тишина ?! Експертите тврдат: “Сега тие имаат нова можност!“

Официјален претставник назначен од руските окупаторски власти во неделата призна дека Украина повторно освоила село во јужниот регион Запорожје, што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја започна својата долгонајавувана контраофанзива претходно овој месец. 

Владимир Рогов вели дека украинските сили ја зазеле населбата Пјатихатки и дека работат таму додека се под оган од руската артилерија.

Офанзивите бранови на непријателот дадоа резултати, и покрај огромните загуби“, тврди Владимир Рогов во објава на социјалната мрежа Телеграм и додава: „Тешките борби продолжуваат во областа“.

Овие наводи подоцна беа потврдени од украинските власти, додека Кремљ се спротивстави на окупаторскиот функционер тврдејќи дека селото сепак не било окупирано.

Покрај напредокот во Запорожје, украинските сили уништија „значајно“ складиште за муниција во близина на окупираниот пристанишен град Хеническ во јужниот регион Херсон, потврди во неделата портпаролот на воената администрација на Одеса, Серхи Брачук. Украинските медиуми објавија видео снимки на кои се гледа како огромен облак од чад се издигнува далеку на хоризонтот со звуци на експлозии.

Селото Рикове е на околу 20 километри од Хеническ, пристанишен град на Азовското Море во јужна Украина, кој е окупиран уште од првите денови на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Угледниот воен аналитичар, професор Мајкл Кларк, зборуваше за овие нови случувања на фронтот во својата анализа за Sky News.

Украинците продолжуваат да вршат операции за обликување на бојното поле, и ја тестираат силата на руските одбранбени позиции на три или четири клучни места. Во овој контекст треба да се гледа и експлозијата кај ХеническКиев се обидува да ги таргетира таквите складишта за муниција и командните центри на руските сили лоцирани длабоко зад линиите на фронтот. На крајот на краиштата, Русите им го прават токму истото на Украинците“, тврди тој во својата анализа.

Како многу поинтересни информации, за кои тој посочува се уште не се потврдени, тој ги наведува гласините дека украинските сили ја преминале реката Днепар, на делот од потокот возводно од уништената брана „Нова Каховка“. Имено, нивото на реката Днепар над браната е значително намалено, што многу го олеснува преминувањето на реката, без потреба од извршување на голема амфибиска операција.

Има многу извештаи кои тврдат дека Украинците навистина ја преминале реката. Кога ќе ја погледнете мапата, ова е важно бидејќи се води голема битка во областа Запорожје помеѓу Орихив и Токмак. Украинците сега се обидуваат да го прошират фронтот јужно од Орихив и на тој начин да ги ‘растегнат’ руските сили. Ако ја минеле реката западно од тој дел од бојното поле, тогаш мислам дека намерата им била следна – по уништувањето на браната, Русите повлекле голем број сили од таа област на источниот брег на Днепар. (и пошироко) со верување дека од правец на западниот брег на реката нападот повеќе не може да дојде. Со овој потег Украинците сакаат да ги натераат да ги вратат своите сили во областа. Меѓутоа, ако Русите решат да ризикуваат и да ги остават своите сили на нивните сегашни позиции, тогаш може да се случи Украинците на источниот брег на Днепар да пренесат поголем број војници“, објаснува Мајкл Кларк во својата анализа.

Без разлика, професорот Мајкл Кларк смета дека Украинците сега дефинитивно сакаат да ги истегнат руските сили преку фронтот, да ги оддалечат од одредени точки на бојното поле за да видат каде, потенцијално, ќе се отворат „дупки“ во одбранбените линии.

војнаЗапорожјеРусијаУкраина