Палестинските власти објавија дека грчката православна црква „Свети Порфириј“, во која биле сместени раселените Палестинци, била бомбардирана во Појасот Газа.
Генералниот директор на болницата „Шифа Мухамед“, Абу Селмија, изјавил дека десетици луѓе се повредени, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи некои тела се уште се под урнатините, пренесоа странските медиуми.
Палестинските власти соопштија дека за експлозијата е одговорен наводен израелски воздушен напад.
Видео-снимките од местото на настанот кои беа објавени на Интернет можете да ги погледнете ОВДЕ.
Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност да пружи помош.
Еден од преживеаните изјавил за медиумите дека израелската Армија претходно не испратила предупредување преку СМС порака.
Црквата „Свети Порфириј” се наоѓа во областа Ел Зајтун во стариот Појас Газа, а во VII век станала џамија, пред да биде изградена нова црква во XII век за време на крстоносните војни.