Се стравува дека неколку ученици се затрупани под урнатините откако се урна дел од училиште во романскиот град Одорхеи Секуеск.
Медиумите јавуваат дека се урнал ѕидот на интернатот и дека четири деца останале заробени под куп урнатини. Пожарникарите се на терен и бараат преживеани меѓу урнатините.
Засега спасувачите извлекле тројца студенти додека докторите се борат за животот на едно повредено лице.
До овој момент извлечени се три лица, едното било свесно, второто полусвесно, а третото во тешка состојба. Тие се пренесени во општинската болница. Децата се на 16 и 17 години – велат од спасувачката служба.
Локалните медиуми јавуваат дека се урнала површина од 200 метри квадратни.