На социјалните мрежи се појави видео од грабеж на бензинската пумпа „Арена Оил“ во мостарската населба Центар 2 што се случил синоќа доцна во вечерните часови.
На видеото е снимен моментот кога двајца вооружени и маскирани разбојници упаднале во објектот и украле две каси со пари додека им се закануваат на вработените, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Инцидентот се случил на улицата „Анте Старчевица“ кај бензинската пумпа „Арена Оил“.
Извори од МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон потврдија дека грабежот се случил околу 3 часот по полноќ, а сторителите се две маскирани лица. Засега не се знае колку пари се украдени.
Полицијата подоцна пронашла две празни каси во близина на бензинската пумпа.
Во тек е детална истрага. Се повикуваат граѓаните да соработуваат со надлежните органи за да придонесат за расчистување на овој случај.