(ВИДЕО/ФОТО) СЕ ТРЕСЕ ЕКВАДОР – ПРВИТЕ СНИМКИ НА СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЖНА АМЕРИКА: Сè се тресе, луѓето врескаат и панично бегаат

Има загинати и повредени во силниот земјотрес во Еквадор. Потресот предизвика значителни штети и паника во оваа кревка земја која доживеа катастрофален земјотрес во 2016 година. Засега е потврдено дека животот го загубиле шест лица, меѓу кои и едно дете.

На едно видео од трговски центар се слушаат застрашувачки крици од луѓе кои панично трчаат надвор. Од некои згради паднаа големи делови од ѕидовите, а по улиците се крена прашина.

Епицентарот на земјотресот бил во Гвајас, а земјотресот силно се почувствувал и во соседна Колумбија.

Катастрофален земјотрес го погоди Еквадор во 2016 година, со јачина од 7,8 степени. Тогаш загинаа речиси 700 луѓе, а повеќе од 16.600 беа повредени.