Францускиот тенисер Уго Гастон сериозно се посрамоти во дуелот со Марко Трунелити на челинџерот во Верона.
Гастон, кој претходно имаше десет последователни победи и освои два челинџери, го предаде мечот при водство на противникот од 5:2 во третиот сет, во момент кога Аргентинецот дојде до три меч топки.
Ваквото однесување на Гастон веднаш предизвика бурни реакции во тениската јавност.
Поединци дури мислат дека „не е се чисто“ и дека надлежните тела треба да се вклучат и да го истражат случајот.