Емануел Мани Фабијан, воен дописник за Times of Israel, објави снимка на Хамас од напади врз оклопни возила на израелските одбранбени сили (ИДФ) за време на копнените операции во Појасот Газа.
„Хамас објави видео на кое се гледа како негови членови напаѓаат оклопни возила на ИДФ во Појасот Газа“, напиша тој во описот на видеото објавено на социјалната мрежа Х (Твитер).
Во објавата тој наведува и дека ИДФ е свесна дека еден од многуте предизвици со кои се соочуваат копнените сили е тоа што терористичките оперативци излегуваат од тунелите и лансираат ракетни проектили кон нив.
„Сепак, само во неколку такви случаи имало човечки загуби. Армијата верува дека оклопот штити од такви напади во огромен број случаи“, вели Емануел Мани Фабијан.
Во видеото, на чиј почеток има натпис на арапски со симболите на Хамас, најмногу се прикажани нападите врз оклопните возила на ИДФ во урбаните средини, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.