ВИДЕО | ХАОС ВО ПАРИЗ! Погледнете го моментот кога француски полицаец пука и убива млад тинејџер поради бизерна причина – вознемирувачко!

Францускиот телевизиски канал TF1 објави видео на кое се гледа како полицаец во Нантер, западно предградие на Париз, од непосредна близина пука во тинејџер кој бил запрен во автомобил поради сообраќаен прекршок.

На видеото се гледа и возилото на 17-годишниот доставувач на храна Наел М.

Поради неговото убиство во Париз, во текот на ноќта избија судири меѓу граѓаните и полицијата. Опожарени се автомобили, канти за ѓубре, зградата на локалното основно училиште, а граѓаните фрлале пиротехнички средства кон итната помош. Исто така, поставени се барикади, а пожарникарите биле попречени при гаснењето на пожарот.

Наел М. (17 г.) е убиен откако полицијата го запрела во сообраќајот. Младиот доставувач бил застрелан по расправија со полицијата, која тврдела дека тинејџерот го „удрил“ својот автомобил во нив.

Полицаецот кој пукал во тинејџерот е во притвор, а министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен апелираше да се смири ситуацијата во француската престолнина.

политикаполицијаубиствоФранција