За време на тепачка што се случила среде лет, било скршено стаклото на еден од прозорците на авионот, што ги преплашило патниците и членовите на екипажот, пишува Daily Mail.
Проблемите започнале во четвртокот навечер на летот од Кернс до Дарвин, во авион на авио-компанијата Groote Eylandt во австралискиот Залив Карпентарија. Поради тоа, авионот морал принудно да слета, а четворица патници завршиле во полиција.
На видео-снимката од авионот се гледа како жена крева шише над главата за да удри со него друг патник. После тоа, избила сеопфатна тепачка, а авионот се свртел и почнал да се враќа назад кон Кернс.
При слетувањето на авионот, агресивната жена била приведена и обвинета за напад, неуредно однесување и заглупување на барањата на кабинскиот екипаж.
Авиокомпанијата потоа го испратила авионот на патување над северна Австралија по втор пат. Меѓутоа, групата патници кои биле вклучени во првата тепачка, повторно се степале за време на вториот лет. Авионот на крајот слетал во Аљангула, каде полицијата ги пречекала и ги уапсила преостанатите тројца агресивни патници.
Маж (23 г.) и жена (23 г.) се обвинети за загрозување на безбедноста на други лица, напад на друго лице, нанесување штета на туѓ имот, недолично однесување на јавно место и кршење на законот за семејно насилство, додека другата жена (22 г.) е обвинет и за шверц на дрога, попречување на работата на полициските службеници и пиење алкохол во забранетата зона.