ВИДЕО | ‘ХАОС, ПАНИКА, РАСКОЛ!’ – Како ‘готвачот’ на Владимир Путин му зготви бунт во Русија !? Кој е Евгениј Пригожин и зошто ситуацијата ескалираше токму сега ?

Конфликтот меѓу военото раководство на Москва и Евгениј Пригожин, првиот човек на платеничката воена група Вагнер, ескалира во отворен бунт што ја турка Русија во нова неизвесност. Во петокот Евгениј Пригожин одржа говор против руската Армија, а потоа маршираше со своите војници во рускиот град Ростов на Дон.

Евгениј Пригожин

Федералната служба за безбедност, позната како ФСБ, отвори кривична постапка против Евгениј Пригожин за повикување на вооружен бунт во Русија.

Што направи Евгениј Пригожин ?

Драматичниот пресврт започна во петокот кога Евгениј Пригожин ја обвини руската Армија за напад врз логорот на групата Вагнер, при што беа убиени многу негови луѓе. Тој вети дека ќе возврати со сила, инсинуирајќи дека неговите сили ќе ја расчистат секоја пречка на нивниот пат.

Ние сме 25.000 и ќе дознаеме зошто е таков хаос во државата“, порача Евгениј Пригожин.

Тој подоцна тврдеше дека неговата критика кон руското воено раководство е „марш за правда“, а не државен удар. Кризата се влоши откако Евгениј Пригожин објави дека неговите борци влегле во руската област Ростов и ги зазеле клучните воени објекти во главниот град. Ростов на Дон е седиште на јужната воена команда на Русија и дом на околу еден милион луѓе.

Првиот човек на групата Вагнер објави видео во кое тврди дека неговите сили ќе го окупираат градот доколку министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов одбијат да се сретнат со него. Евгениј Пригожин ги помина последните месеци навредувајќи ги Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов, кои ги обвинува за неуспешната инвазија на Москва на Украина.

Како реагираше Русија ?

Министерството за одбрана на Русија го негираше нападот врз војниците на Вагнер, а целата ситуација ја нарече како – „информативна пропаганда“.

Изјавите и дејствијата на Евгениј Пригожин се всушност повик да се започне вооружен граѓански конфликт на територијата на Руската Федерација и да се заби нож во грб на војниците кои се борат против профашистичките украински сили“, се вели во соопштението на ФСБ во кое се повикуваат борците на Вагнер да го затворат водачот.

Портпаролот на КремљДимитриј Песков потврди дека рускиот претседател е свесен за ситуацијата. Исто така, московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на социјалната мрежа Телеграм објави дека во главниот град се спроведуваат „антитерористички“ мерки за зајакнување на безбедноста поради последните настани.

Во раните утрински часови, воени возила поминаа низ главните улици на руската престолнина, покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи.

Кој е Евгениј Пригожин ?

Евгениј Пригожин и Владимир Путин се познаваат од 1990-тите години, а тој дури го доби и прекарот „Готвач на Владимир Путин“ затоа што своето богатство го заработи потпишувајќи профитабилни угостителски договори со Кремљ. Неговата трансформација од готвач во воен лидер се случи по сепаратистичките движења во 2014 година во Донбас, источна Украина.

Евгениј Пригожин и Владимир Путин

Евгениј Пригожин го основал Вагнер како мистериозна платеничка група која се борела во источна Украина, но и за руски цели низ светот. CNN ги следеше платениците на Вагнер во Централноафриканската Република, Судан, Либија, Мозамбик, Сирија и Украина. Со текот на годините, тие развија ужасна репутација и беа поврзани со бројни прекршувања на човековите права.

Платеничката група блесна со својата целосна слава дури по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Додека многу војници доживуваа порази и неуспеси на бојното поле, се чинеше дека Вагнер беа единствените способни да постигнат значителен напредок. Бруталните и често нелегални тактики користени од Вагнер резултираа со големи жртви бидејќи нови платеници беа испратени во битка со недоволна формална обука.

Евгениј Пригожин ги користел социјалните мрежи за да лобира за она што го сака, често расправајќи се со руското воено раководство, претставувајќи се себеси како компетентен и безмилосен во однос на нив. Неговите јавни несогласувања со руското раководство ескалираа за време на долготрајната битка за Бахмут кога тој ги обвини дека не ги снабдувале неговите војници со доволно муниција.

На една од ужасните снимки од почетокот на мај, Евгениј Пригожин застанат до купот мртви борци на Вагнер и им се обрати директно на Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов.

Крвта е уште свежа, тие дојдоа овде како волонтери, а сега умираат за да можете да седите како дебели мечки во вашите луксузни канцеларии“, вели тој на видеото кое предизвика големи реакции во руското опшество тогаш.

Владимир Путин претседава со она што се опишува како правосуден систем, внатрешните борби и конкуренцијата меѓу елитите всушност носат резултати, сè додека „вертикалата на моќта“ е лојална и му одговара на претседателот на државата. Срамотните испади на Евгениј Пригожин во последните недели ги поттикнаа шпекулациите дека целата ситуација можеби отишла предалеку.

Што се случува сега во Русија ?

Евгениј Пригожин точно знае кој е неговиот ризик, токму тоа е интересно бидејќи тоа значи дека пресметал дека може да го направи ова. Дечко како него не ризикува и знае дека ќе заврши многу лошо ако нешто тргне наопаку“, изјавил Стив Хол, поранешен висок офицер на ЦИА.

Во меѓувреме, неединството во руските вооружени сили беше проследено со радост во КиевМалколм Дејвис, висок аналитичар во Австралискиот институт за стратешка политика, тврди дека Украина сигурно ќе ги искористи несогласувањата, особено ако Москва биде принудена да ги премести војниците од линијата на фронтот.

Доколку руските сили на тие локации се повлечат и почнат да се борат против Вагнер, Украинците ќе имаат можност да ги најдат и искористат празнините во руските линии, само треба да бидат подготвени“, заклучил Малколм Дејвис.

бунтВагнерВладимир ПутинвојнаЕвгениј ПригожинКремљМоскваРусијаУкраина