ВИДЕО | Хенри Кисинџер мета на сурова шега – му се јавил човек претставувајќи се како Володомир Зеленски и го прашал за саботажата на Северен тек: Одговорот предизвика лавина од коментари – ова мора да го слушнете!

Руското дуо познато по шегите со познатите личности објави дека го принудиле Хенри Кисинџер да ги открие своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година. 

100-годишниот државник, кој долго време беше државен секретар на САД односно во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана последната личност која беше измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров претходно беа на насловните страници на сите светски медиуми за мајтапење со луѓе од висок профил како што се музичарот Елтон Џон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш. Во нивната последна измама, тие се претставиле пред Хенри Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На видеото се гледа како Хенри Кисинџер го прашуваат кој според него стои зад саботажата на гасоводот Северен тек со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија.

Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, вели Хенри Кисинџер. Еден од нив тогаш одговара: „Навистина ? Мислевте дека сме ние ?! Не, не, не сме…“. Хенри Кисинџер потоа вели: „Но, јас не ве обвинив“, сугерирајќи дека не мислел на забелешката да служи како критика.

Видеото не е независно потврдено, а весникот Newsweek контактирал со Хенри Кисинџер и Министерството за надворешни работи на Украина за коментар.

Потсетуваме, по експлозијата на Северен тек некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД, додека други го вперија прстот кон Русија. Во март 2023 година, Украина негираше вмешаност во саботажата. Во извештајот на весникот New York Times се цитирани американски разузнавачи како сугерираат дека виновна е проукраинска група, која не е нужно поврзана со Володимир Зеленски.

Хенри Кисинџер претходно ја коментираше војната во Украина, велејќи за весникот Economist во мај дека НАТО треба да ја направи Украина членка, и покрај предупредувањата од рускиот претседател Владимир Путин – „за безбедноста на Европа“.

војнаРусијаСАДСеверен текУкраинаХенри Кисинџер