ВИДЕО | Хит реакција на противникот на Новак: Манарино загуби два сета, па со потег ја забавуваше публиката и себе

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на одличен начин успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија опен, кој убедливо славеше против Адријан Манаринo со 3:0, во сетови 6:0, 6:0, 6:3. Тој практично го демолираше Французинот, кој само се насмеа на тоа.

Манарино загуби 12 последователни гема од Ѓоковиќ, немаше ниту шанса да му се закани на најдобриот тенисер на светот, а слабоста ја покажа со една реакција, кога ја забавуваше публиката, но и се насмеа.

Имено, кога го загуби вториот сет со нула, Манарино седна на своето место, а потоа почна да се смее.

Секако, тоа не беше се, бидејќи набрзо со рацете направи „две нули“, кои ги стави на очите и така погледна кон публиката, која исто така продолжи да се смее.

Можеби Манарино не успеа да го повреди Ѓоковиќ, но секако ги купи срцата на навивачите.