Репортери од придружбата на Ким Џонг Ун биле принудени да скокнат во оклопниот воз на севернокорејскиот лидер откако за малку ќе го пропуштиле.
Необичната сцена е снимена додека возот ја напушта железничката станица „Комсомолск“ и се упатува кон Владивосток. Двајца членови на медиумскиот тим ја фотографирале прошталната церемонија на станицата и не сфатиле дека возот веќе тргнал.
На видеото се гледа и гувернерот на областа Хабаровска, Михаил Дегтјарев и градоначалникот на Комсомолск-на-Амур, Александар Жорник како му мавтаат на Ким Џонг Ун додека неговиот воз ја напушта станицата, а видеото можете да го погледнете ОВДЕ.
На други снимки се гледа како црната лимузина на Ким Џонг Ун е натоварена во воз.
Ким Џонг Ун во текот на целата недела го посети рускиот претседател Владимир Путин на важни разговори, а денеска му беа покажани руските борбени авиони Su-35 и Su-57.