ВИДЕО | ХОРОР – ‘Возот на смртта’ излетал од шините во голем забавен парк: Едно лице мртво, неколку се повредени – погледнете ја сцената!

Едно лице го загубило животот, а неколку други се повредени во несреќа во неделата во „возот на смртта“ во забавниот парк Грона Лунд во Стокхолм, објави медиумската агенција ТТ, повикувајќи се на изјавите од портпаролот на паркот.

Телевизија SVT, повикувајќи се на очевидци, објави дека до несреќата дошло кога тобоганот делумно излетал од шините за време на возењето.

Во забавниот парк веднаш биле испратени возила на брза помош, противпожарни возила и хеликоптер, а полицијата соопштила дека ги истражува деталите за несреќата.

Раководството на Грон Лунд вели дека паркот стар 140 години ќе биде затворен до понатамошно известување. 

Џени Лагерштет, новинарка која случајно се нашла во паркот со членовите на нејзиното семејство во моментот на несреќата, изјави за SVT дека слушнала бучава и забележала дека структурата на шината силно се тресела во моментот на несреќата.

Мојот сопруг виде како приколката од тобоганот со луѓе во неа паѓа на земја“, изјавила Џени Лагерштет.

„Возот на смртта“ со челични патеки може да достигне брзина до 90 километри на час и висина од 30 метри, а секоја година превезува повеќе од милион посетители, се наведува на веб-страницата на забавниот парк.

несреќаШведска