Утринава во 08:40 часот во основното училише „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, Србија се случил страшен инцидент кога 14-годишно момче пукало и повредило неколку ученици.
Имено, полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение во споменатото основно училиште.
Според првичните информации на соседните медиуми, се сомнева дека малолетникот од пиштолот на татко му испукал неколку истрели во правец на учениците и обезбедувањето на училиштето.
Итната помош веднаш пристигнала на местото на настанот и се укажува прва помош повредените, како и работата на полицијата за утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.
Првите видеа и фотографии од местото на настанот можете да ги погледнете ОВДЕ.