ВИДЕО | Хулигани го нападнаа Мохамед Салах, Армијата влезе на теренот и направи вистински хаос

Махмуд Трезеге Хасан беше двоен стрелец во победата на Египет на гостувањето кај Сиера Леоне (0:2). Египет на тој начин ја постигна втората победа во квалификациите за СП 2026 година.

Во самиот финиш на натпреварот се случија немили сцени. Имено, во 89. минута група навивачи истрча на тревникот на стадионот во Монровија (главниот град на Либерија), каде се одржуваше натпреварот бидејќи Сиера Леоне нема услови да игра натпревари на нејзино тло.

Навивачите, наводно државјани на Сиера Леоне, ги пробиле безбедносните сили и се упатиле кон египетските фудбалери, меѓу кои и најголемата ѕвезда, напаѓачот на ЛиверпулМохамед Салах, а овој хаотичен момент можете да го погледнете ОВДЕ.

За среќа, обезбедувањето навреме реагирало и спречило поголеми нереди, а на социјалните мрежи со брзина на светлина се прошириле видеа од полицајци како брутално тепаат бунтовници, дел од овиде видено-снимки можете да погледнете ОВДЕ.

ЕгипетинцидентМохамед СалахСиера Леонефудбал