ВИДЕО | Цела Русија зборува за реакцијата на ‘железната марионета’ на Владимир Путин на коментарот за уривањето на браната: “Каков гаф…“ – погледнете!

Камерите на руската државна телевизија Russia-1 снимија нешто што воопшто нема да му се допадне на рускиот претседател Владимир Путин, пишува Daily Mail.

Полковникот во руските резервни сили, Игор Короченко, во емисијата „60 minutes“ кажа дека уништувањето на хидроцентралата „Нова Каховка“ во регионот Херсон е дело на Велика Британија и Соединетите Американски Држави, а домаќинката на емисијата, Олга Скабаева, пропагандистка блиска до Владимир Путин, ги преврте очите и на тој начин го доведе тој наратив во прашање.

Ова е директна одговорност на Лондон и Вашингтон. Мора да ги нарекуваме работите со вистинското име“, кажал Игор Короченко.

Москва го обвини Киев за уништувањето на хидроцентралата и поплавувањето на дел од областа Херсон, што пак го впери прстот на вината кон Москва односно челниците во Кремљ.

Игор Короченко, главен уредник на руското списание „Национална одбрана“, побара од панелистите во емисијата да се потсетат на концептот наводно предложен од американската тинк-тенк корпорација RAND.

Русија сакаат да ја оптоваруваат, тие сакаат да ги ангажираат нејзините сили за да бидат во дисбаланс. Еден од тие елементи е огромен терористички напад кој, сигурен сум, се планираше во Вашингтон и Лондон. Мислам дека прво треба да мислиме на Британците“, рекол Игор Короченко.

Додека ги изнесуваше своите тези, Олга Скабаева се обиде да се фокусира на кажаното, но едното око и „избега“ односно ги „преврте“ очите. Работите да бидат уште полоши, режисерот се фокусирал на неа додека таа ги „превртувала“ очите.

војнаИгор КороченкоОлга СкабаеваРусијаУкраина