Иконата на поранешна Југославија и исклучително популарниот пејач Здравко Чолиќ, купил стан во Пула. Пејачот, родум од Сараево, се одлучил за имот во „Marina SKY“, една од зградите кои моментално се градат.
Станува збор за многу атрактивен и скап проект кој се наоѓа помеѓу пристаништето и пешачката зона. Според Istarski.hr, на ридот над пристаништето што се надвива над заливот има пет згради. Дури и оние кои ќе се одлучат да купат стан на некој од долните катови, ќе имаат прекрасен поглед на морето.
Според порталот, тоа е еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во последно време, а метар квадратен чини вртоглави 5.500 евра.