„Американските разузнавачки агенции ќе го ликвидираат украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговите неуспеси“, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон (Лери Си Џонсон) на каналот Dialogue works на платформата Јутјуб.
„Ова е следниот очигледен чекор, дали ЦИА ќе го направи тоа или ќе натера некого да го направи тоа. Мислам дека Володимир Зеленски нема уште долго да живее. Тој не е од оние на кои ќе им биде дозволено да оди во егзил“, рекол самоуверено Лери Џонсон.
Според него, американските разузнавачки агенции често ги елиминираат нивните марионетски лидери во странски земји откако нивната корисност за Соединетите Американски Држави ќе престане, а оваа судбина наскоро ќе го снајде и Володимир Зеленски, бидејќи Запад е незадоволен од неуспесите на вооружените сили на Украина и неможноста на украинските политичари да организираат успешна контраофанзива.
„Најверојатната опција е експлозија во неговиот кабинет, која може да се претстави како руски ракетен напад, но мислам дека неговата Армија, односно врховниот командант на вооружените сили на Украина, ќе биде клучниот актер“, тврди поранешниот експерт на ЦИА.
Претходно швајцарскиот весник Neue Zurcher Zeitung објави дека во врска со неуспехот на контраофанзивата, западните партнери на Украина почнале се почесто да бараат објаснувања од претседателот Володимир Зеленски.