ВИДЕО | Човек извадил тава на балконот и без проблем испржил јајца! Температурите на омилената дестинација на Македонците во Грција надминаа 40+ степени: “Ова е вистински пекол…“

Летото само што започна на северната хемисфера, но силен топлотен бран веќе зафати делови од Европа, Кина и САД, каде викендов се очекуваат рекордно високи температури. Видеата од социјалните мрежи покажуваат колку навистина е жешко во некои земји, а ова хит-видео доаѓа од Грција.

Како што стои во описот на видеото, во моментот на снимањето на видеото било над 40 степени, а еден човек покажал како пржи јајце на метална тава што се загреала во текот на денот. Човекот на балконот поставил маса, а извадил и тава премачкана со масло и ја остави малку да загрее.

Кога се вратил, во тавата го ставил јајцето кое веднаш почнало да се пржи, а потоа додал други состојки и без проблем направил изматени јајца. 

Погледнете го видеото ОВДЕ.

Да потсетиме дека екстремни температури зафатија и неколку области во Грција, Франција и Шпанија. Во последните денови температурите во Грција достигнаа до 40°C и повеќе. Волонтерите делеа шишиња со вода на туристичките места, а властите презедоа невообичаен чекор на кратко затворање на туристичкиот центар „Акропол“ во Атина во најжешкиот период во петокот за да ги заштитат посетителите од жештината.

Грцијалето