ВИДЕО | Човек се обидел да изеде едно од најопасните јадења на светот и се задавил: “Толку се прегрчи што тој доби и срцев удар!“

82-годишен маж во Јужна Кореја доживеал срцев удар откако се задушил во парче „жив октопод“. Станува збор за локален деликатес сан-наџи, кој се состои од свежо исечени нозе на октопод.

Како што пренесува CNN, итната медицинска служба во градот Квангџу во понеделникот наутро добила дојава дека парче сан-наџи е заглавено во грлото на маж. Кога пристигнала итната помош, мажот веќе добил срцев удар, а медицинскиот персонал веднаш започнал со процедурата за реанимација. Но, 82-годишникот не преживеал.

Инаку, сан-наџи е мал октопод кој се сече и се служи сиров, а често се јаде во крајбрежните области на Јужна Кореја. Често се служи со масло од сусам, семе од сусам, а понекогаш и ѓумбир и има џвакачка текстура.

Иако името на јадењето се преведува како „жив октопод“, тој всушност се убива пред да се сервира, а неговите краци се сечат на парчиња. Но, тие се сервираат веднаш по сечењето, а бидејќи нервите на нив се уште се активни, октоподот изгледа како да е „жив“ бидејќи се уште се движи околу чинијата.

За сан-наџи се зборуваше и во една епизода од серијата „Parts Unknown“ на покојниот Ентони Бурдејн од 2015 година, кога познатиот готвач и ТВ водител отпатува во Јужна Кореја и вкуси „жив октопод“.

Со текот на годините, локалните медиуми објавија неколку случаи на луѓе кои умреле од задушување со сан-наџи. 

Јужна Корејасмртхрана