Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил, и најдобриот играч на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, им приредија невидено шоу на љубителите на кошарката.
На отворањето на новата сезона, актуелните шампиони во НБА, Денвер Нагетс, на домашен терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со резултат 119:107, а херој на триумфот беше маестралниот Никола Јокиќ.
Никола Јокиќ со својата нова чудесна игра го шармираше легендарниот Шекил О’Нил кој поради Сомборецот зборуваше на српски јазик.
Шекил О’Нил во програмата во живо му повтори на Никола Јокиќ дека го сака на српски јазик.
„Те сакам, те сакам…“, истакна воодушевениот Никола Јокиќ („Волим те, волим те…“).
Никола Јокиќ не можеше да се воздржи, врескаше од смеење, а потоа му порача на поранешниот ас следниот пат да научи нешто ново на неговиот мајчин јазик.
Погледнете како тоа изгледаше ОВДЕ.