Една постара жена која била ослободена од заробеништво во Појасот Газа рекла дека војниците ја чувале во „задушувачка соба“, а условите се влошиле како што конфликтот напредувал.
Рути Мандер (78 г.) за израелскиот Channel 13 изјавила дека спиела на пластични столчиња покриени со чаршаф речиси 50 дена, заедно со нејзината ќерка Керен и внукот Охад Мундер-Зихри.
„Беше многу тешко. Дознав дека син ми е убиен од борец на Хамас. На почетокот добивавме пилешко и ориз, секакви видови конзервирана храна и сирење. Но, како што се влошуваше ситуацијата, луѓето почнаа да гладуваат“, изјавила таа.
„Верував дека ќе не ослободат ако веќе не донесоа овде“, истакнала таа.
Рути Мандер, чиј 78-годишен сопруг сè уште е заробен во Појасот Газа, вели дека наутро и навечер пиеле чај, а децата добивале слатки. За време на заробеништвото, вели таа, верувала дека ќе биде ослободена.
„Бев оптимист. Верував дека ќе не ослободат ако веќе не донесоа овде и ги убија оние што сакаа во Нир Оз“, истакнала таа.
На 7. октомври војниците на Хамас ја киднапираа Рути Мандер од нејзиниот дом во јужен Израел. Во нападот бил убиен нејзиниот син. Таа кажала дека таа и остатокот од семејството биле натоварени во возило и однесени во Појасот Газа. Еден милитант ги покрил со ќебе за да не ги видат другите борци околу нив.