Шокантна сцена е снимена во град во Израел, за време на конфликтот помеѓу Израел и Палестина односно групата Хамас, а видео-снимката ја покажа целата трагедија на војната која беснее веќе втор ден.
Имено, на едно видео од безбедносна камера кое беше споделено на социјалните мрежи, може да се види израелско семејство кое успева да побегне од милитантната организација Хамас, додека не стигне до последниот член на семејството.
Драматичната видео-снимка можете да ја погледнете ОВДЕ.
Како што е објаснето над видеото, таткото на едно семејство успеал да најде безбеден излез од куќата за своето десетчлено семејство, вклучувајќи и деца.
И додека децата први ја напуштаат куќата и бегаат од покривот, низ прозорецот, а по нив возрасните, трагично завршува последниот член од семејството за кој се претпоставува дека е глава на семејството, односно таткото.
На крајот од видеото се гледа како тој е застрелан во последен момент, додека се уште е во куќата со половина тело, практично виси од прозорецот. Еден човек паѓа од прозорец по истрелите што одекнуваат низ улицата и не успева да се придружи на остатокот од семејството, кое бега во потрага по засолниште.