Осакатеното тело на трансродовата тиктокерка Ноа Миливојев (18 г.) беше пронајдено во четвртокот во стан во центарот на Белград, а голем број граѓани претходната вечер се простија од неа оставајќи свежи цвеќиња, палејќи свеќи и поставувајќи ЛГБТ знамиња на плоштадот во главниот град на Србија. Меѓутоа, на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како непознат млад човек фрла едно од ЛГБТ знамињата, пренесуваат соседните медиуми.
„Половина час по завршувањето на собирот дојде еден лик, фрлаше цвеќиња и знамиња. Ова е толку морничаво и болно, немам зборови. Му се придружија и други гадови кои потоа шутираа свеќи и цвеќиња!“, беше објавено на социјалната мрежа Твитер.
На видеото јасно се гледа како младиот човек го зема знамето и го носи со него, а исто така се гледаат и расфрлани цвеќиња на плоштадот.
Да потсетиме, Ноа Миливојев од Ковиљи исчезна на 17. јуни. Како што се сомневаат и пишуваат соседните медиуми, таа била масакрирана до непрепознатливост од мажот со кој била во врска.
Веднаш бил приведен осомничениот Д.О. (33 г.), кој според првичните информации признал се. Тој претходно бил испрашуван за исчезнувањето на девојката, но негирал каква било вмешаност во случајот. Но, полицијата основано се посомневала дека тој е тој што го извршил убиството, па го „притиснале“ и на крајот го уапсиле.