Потенцијалното членство на Украина во НАТО е главна тема на дводневниот самит на Алијансата што денес започна во литванската престолнина Вилнус.
BBC објаснува што би се случило доколку Украина влезе во НАТО.
Се потсетува дека НАТО во 2008 година најави дека Украина во иднина би можела да стане членка на Северноатлантскиот договор, но спеак неодамна НАТО го одби барањето на Киев за забрзано членство.
BBC наведува дека пречка за таквиот развој е членот 5. од Повелбата на НАТО, во кој се вели дека, доколку биде нападната една земја-членка на Алијансата, во нејзина одбрана треба да излезат сите други земји од тој воен пакт.
Во него се наведува дека ако Украина сега влезе во НАТО, тоа технички би значело дека сите земји членки на Алијансата мора да и објават војна на Русија.
BBC јавува дека Киев се помирил со фактот дека Украина не може да стане членка на Алијансата додека трае конфликтот, но сака да се приклучи на НАТО што е можно поскоро по неговото завршување.
Британскиот медиумски сервис наведува дека Велика Британија се залага за забрзан прием на Украина во НАТО, а балтичките држави и источноевропските земји бараат од Алијансата јасно да му објасни на Киев кои дополнителни услови Украина мора да ги исполни.
BBC наведува дека некои од сојузниците, вклучувајќи ги САД и Германија, се повнимателни. Тие бараат од Киев прво да се бори против корупцијата, да го зајакне судскиот систем и да обезбеди цивилна контрола над војската.
Тие, исто така, се загрижени дека прифаќањето на Украина ќе го вовлече НАТО во директна војна со Русија.