На социјалните мрежи се појави ново застрашувачко видео направено од палестинската екстремистичка организација Хамас.
Насловот на видеото на арапски и хебрејски е „Што те чека кога ќе влезеш во Појасот Газа“.
Видеото е објавено на социјалната мрежа X (Твитер) на профилот @OSINTdefender, која ги следи воените настани ширум светот, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.
Се вели дека ова е јасна закана за израелските одбранбени сили (ИДФ), што е официјалното име на Армијата на Израел.
Израелските трупи продолжуваат да се собираат во голем број во близина на Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива насочена кон екстремистите на Хамас.
За време на најголемата мобилизација во Израел во последните 50 години, голем број резервисти кои живееле во странство се вратиле во својата татковина.