ВИДЕО | ШТО ЗБОРУВАА НИКОЛА ЈОКИЌ И ЛУКА ДОНЧИЌ ? Србинот и Словенецот направија шоу во НБА лигата, а еден момент ги “запали“ социјалните мрежи во регионот

Судирот меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ му припадна на Србинот, иако Словенецот имаше многу подобар настап на натпреварот.

Денвер Нагетс го совлада Далас Маверикс и покрај 39-те поени на Лука Дончиќ, а пред почетокот на натпреварот обожавателите на кошарката, особено оние од овие простори беа сведоци на убава сцена.

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ влегоа заедно во салата и по тој повод одлично се забавуваа. Очигледно имаа многу за разговор и двајцата уживаа, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Секако, кога почна играта, се беше ставено на страна, но и на паркетот се гледаа моментите кога Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се смешкаа и си разменуваа зборови.

Далас МавериксДенвер НагетскошаркаЛука ДончиќНБАНикола Јокиќ