Тешко е да се замисли побизарно видео во режија на Владимир Путин и неговата придружба од она што штотуку се појави на социјалните мрежи, кое што се шири како шумски пожар.
Преправајќи се дека се е во ред, Владимир Путин се нашол пред таблата за цртање каде од непозната причина решил да ги демонстрира своите уметнички вештини.
Владимир Путин нацртал бизарен лик, на задоволство на присутните. Руската медиумска агенција ТАСС го сподели видеото на Интернет.
„Претседателот се приближи до овој штанд на изложбата на домашни компании кои победија на натпреварот за нови домашни брендови. Конкретно, ‘NexTouch‘ произведува екрани чувствителни на допир и класични, интерактивна опрема и други уреди“, се вели во текстот на видеото објавено од медиумската агенција.
Интернетот, се разбира, „изгоре“. „Има ли тука психолози“, прашува еден корисник на социјалните мрежи додека друг додава: „Дали некој може да го разбере значењето зад овие цртежи ?“.