Тајла Медисон, ѕвезда на платформата за возрасни OnlyFans од Њукасл, била целосно шокирана кога дознала дека по два месеци објавување експлицитна соодржина, нејзиниот најголем обожавател всушност бил нејзиниот очув.
Шокантната вест го растурила нејзиното семејство, а нејзините сестри и мајка се свртеле кон неа откако нејзиниот очув ги напуштил нивните животи, пишува Daily Mail.
Девојката кога ја дознала веста креирала соодржина и за социјалната мрежа Тик Ток, кога наеднаш добила известување дека на профилот и се претплатил еден од шесте контакти во нејзиниот мобилен телефон. Таа започнала да се сомнева кога претплатникот потрошил повеќе од 2.000 долари на бурни содржини и и праќал пораки со необични барања, како што се секојдневни фотографии во нејзината долна облека. Љубопитната ѕвезда на OnlyFans го намалила својот избор додека не утврди дека тоа лице е човекот кој и бил очув 12 години.
Во телевизиското шоу „Insight“, таа ги споделила своите искуства, особено реакцијата на семејството за разводот и заминувањето на очувот, како и целата драма.
„Првите неколку недели беше негативец, додека сите не престанаа да зборуваат за него. Моите сестри работат со полно работно време, така што мама немаше на кого да се потпре, целиот настан стана моја вина, а грешката на OnlyFans. Неколку месеци бев непријател број еден на моето семејство“, изјавила девојката.
Таа ги измазнувала односите со мајка и и сестра и, додека со очувот никој не комуницирал. „Благодарна сум што успеав да го вратам односот со мајка ми и сестрите. Очувот е целосно надвор од сликата, никој не слуша ниту знае каде е“, открила таа.
Тајла Медисон вели дека се очувот се обидел да ги негира тврдењата кога таа го соочила со вистината и му се заканувала дека ќе и каже на мајка му. Побегнала кај своето момче каде што живеела една недела во состојба на шок пред да и се довери на помалата сестра. На крајот во семејна група ја споделила потресната вест.
„Мама целосно замолчи, што е ретко за неа. Очувот ми праќаше пораки да разговарам со него пред да и кажам на мајка ми и дека ќе се справи со тоа, мислам дека сакаше да скрие се. Додека се случуваше ова, им признав се на мајка ми и на сестрите“, кажала таа.
Нејзината мајка тогаш смирено и рекла дека сака да разговара со неа. Тајла Медисон му се јавила на својот очув, а мајка и го прислушувала целиот разговор. Кога се вратил од работа, мајката на девојката го избркала, тој веднаш ги спакувал куферите и си заминал. Во телевизиската емисија таа зборувала за одвратните барања кои нејзиниот очув ги имал на OnlyFans.
„Секој ден ми бараше фотографии од долната облека. Често ме бараше да снимам во одредени делови од куќата, на креветот или на тепихот“, открила Тајла Медисон.
Таа зборувала за целото откритие за прв пат на социјалната мрежа Тик Ток, каде има речиси 82.000 следбеници.