Популарниот јутјубер WhistlinDiesel стекна слава благодарение на смелите акробации и „дивите“ проекти и стана синоним за уништување автомобили. Сега уште двајца се на неговиот список.
Како дел од серијата во која Јутјуберот ја тестира издржливоста на Ferrari F8, новото видео е снимено во Вако, Тексас, каде што го возел егзотичниот и скап автомобил низ поле со пченка. Иако во Маранело не можеа да сонуваат дека F8 ќе се најде на таков терен, сепак автомобилот покажа добри перформанси. Меѓутоа, работите одеднаш тргнаа наопаку.
Додека Јутјуберот возел, неговата екипа сместена во изнајмен Chrysler Pacifica забележал пожар во задниот дел од автомобилот. Потоа брзо го запре Ферарито и излезе од автомобилот, како и неговиот сопатник и сите во Крајслерот. Пожарот започнал во близина на издувниот систем и брзо се проширил на задното десно тркало. Обидот за гаснење на пожарот со Гаторејд и Ред Бул беше очекувано неуспешен.
Неколку секунди подоцна се запали и Крајслерот, а Јутјуберот и неговата придружба можеа само да гледаат како пожарот ги зафатил двата автомобили.
Пожарникарите пристигнале за неколку минути, но сè што успеале е да спречат пожарот да се прошири низ теренот, додека немало начин да се спасат автомобилите.