За некои многумина фудбалот е се – најголема љубов и најголема емоција…
Познатиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо беше крајно емотивен по пласманот на неговата Рома во финалето на Лига Европа.
Во реванш полуфиналниот натпревар во Леверкузен, Рома одигра 0:0 против Баер Леверкузен и со тоа ја сочува предноста од првиот натпревар (1:0) и се пласираше во големото финале на Лига Европа.
Минатата година Жозе Мурињо на Рома и го донесе првиот европски трофеј по повеќе од шест децении чекање, откако со италијанскиот тим ја освои Конференциската лига. Една година подоцна, неповторливиот Португалец ја воведе популарната „Волчица“ во ново финале.
Штом судијата означи крај на натпреварот, трофејниот Португалец беше совладан од емоциите. Жозе Мурињо плачеше од среќа, како ова да е најголемиот успех во неговата кариера.
Иако освои сè што може да се освои, шампионски титули во четири земји, две Лиги на шампиони (со Порто и Интер), Куп на УЕФА (Порто), Лига Европа (Манчестер Јунајтед), Конференциска лига (Рома) – ова беше особено емотивно за Жозе Мурињо.
Римјаните во битката за трофејот ќе ги одмерат силите со Севиља, која по продолженијата го совлада Јувентус со резлутат од 2:1