Ќерката на рускиот генерал Сергеј Суровикин попознат како „Генерал Армагедон“ се огласи на социјалната мрежа Телеграм, каде изјави дека нејзиниот татко не е уапсен, туку дека бил на своето работно место.
Ќерката на Сергеј Суровикин, Вероника, во изјава за каналот Baza вели дека извештаите за притворот не се точни. Според нејзините зборови, „ништо не му се случило, никој не го уапсил, тој е на своето работно место“.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
Таа потсети и дека Сергеј Суровикин никогаш не се појавувал секој ден во медиумите и не давал изјави, додека претходно сопругата на генералот Сергеј Суровикин одби да ги коментира гласините за неговото апсење.
Извештаите за апсењето се појавија синоќа. Медиумите објавија дека тој е уапсен бидејќи е откриено дека го поддржувал бунтот на лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, и дека е сместен во затворот Лефортово.
Сепак, не е јасно дали тој му помогнал на Евгениј Пригожин да ги испланира своите потези, пишува весникот New York Times, цитирајќи претставници информирани од американските разузнавачки служби.
Според весникот, тие исто така веруваат дека и други руски генерали би можеле да бидат вклучени во обидот на Вагнер да го замени раководството на Министерството за одбрана на Русија.