Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес најави „одмазда“ против руските сили откако тие синоќа со ракети го нападна историското пристаниште во Одеса, при што загина едно лице и оштетена е православна црква.
„Ракети врз мирни градови, станбени згради, цркви. Дефинитивно ќе има одмазда против руските терористи поради Одеса. Тие ќе ја почувствуваат оваа одмазда“, изјавил Володимир Зеленски, пренесува France Press.
Медиумската агенција Reuters претходно објави изјава на Олех Кипер, гувернерот на регионот Одеса, дека најмалку едно лице го загубило животот, а 19 се повредени, меѓу кои четири деца, во руски воздушен напад врз градот на Црното Море.
Останати украински медиуми информираат дека во нападот е тешко оштетена православната црква „Преображение на Господ“ на Украинската православна црква, која е под јурисдикција на Москва.