Претседателот на САД, Џо Бајден, направи уште еден гаф на самитот на Азиско-Пацифичката економска соработка (APEC) во четвртокот во Сан Франциско.
Претседателот на САД им се обрати на извршните директори, а потоа се обиде да прочита список на технолошки компании од телепромптерот.
„Во овој светски познат центар на иновации, имаме толку многу технолошки компании како ‘Антропик‘ и… Ќе го прочитам погрешно“, кажа Џо Бајден, а потоа направи пауза и додаде: „Нема ни да се обидам. Подобро е да не се обидувате, и да не го кажете тоа погрешно, отколку да се обидете да го кажете тоа погрешно“
Публиката се насмеа, како и самиот Џо Бајден, а потоа некако продолжи со својот говор.
Патем, на самитот на APEC, Џо Бајден се сретна со Си Џинпинг, кинескиот претседател, за првпат по една година.
На една од ретките прес-конференции на кои зборуваше и коментираше за актуелните светски настани, Џо Бајден го нарече Си Џинпинг – „диктатор“.