Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, ги појасни изјавите искажани од првиот човек на Белата куќа, кој направи уште еден гаф и еден од странските лидери го нарече „претседател на Мексико“ во контекст на конфликтот во Појасот Газа.
Белата куќа посочи дека претседателот на државата всушност мислел на претседателот на Егиепт, Абдел Фатах ал Сиси.
Во изјавата за новинарите во четвртокот вечерта, претседателот на САД накратко се осврна на конфликтот во Појасот Газа, велејќи дека „мексиканскиот претседател (Абдел Фатах ал) Сиси не сакал да отвора контролни пунктови за да дозволи минување на хуманитарна помош“.
Тој кажа дека веднаш преминал на разговори за договори со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Непосредно пред тоа, Џо Бајден се обиде да одговори на критиките во врска со можното слабеење на неговите мисловни способности, уверувајќи дека не се жали на ментална острина и губење на меморијата.
„Претседателот Џо Бајден, меѓу другото, се осврна и на преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Тој кажа дека разговарал со неколку сојузници на Блискиот Исток. Во еден момент тој кажа дека разговарал со ‘претседателот на Мексико’, мислејќи на претседателот на Египет (Абдел Фатах ел Сиси)“, објаснија од Белата куќа.
Во исто време, во својот говор Џо Бајден, најстариот претседател во историјата на САД, неколку пати емотивно одговори на обвинувањата за неговото опаѓање на здравјето и меморијата.
„Меморијата ми е добра“, потенцира тој во разговор со новинарите.