ВИДЕО | Џо Бајден ужива на плажа додека САД ‘гори’! Пред пренатрупаната агенда во Европа, тој решил да се одмори на плажа во негиовиот роден град – погледнете!

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, е фотографиран како ужива на сонцето на плажата во Рехобот Бич во Делавер за време на викендот.

NBC News пренесува дека Џо Бајден денеска заминува за Европа, каде што неговата прва станица на петдневното патување ќе биде Лондон вечерва.

Домаќинот на Белата куќа утре таму ќе се сретне со британскиот крал Чарлс III, прв пат по крунисувањето на новиот монарх на Обединетото Кралство (Велика Британија).

Потоа, во вторник и среда, Џо Бајден ќе присуствува на самитот на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус, град кој во моментот е претворен во тврдина пред доаѓањето на ‘лидерот’ на Северноатлантскиот договор.

Последната станица на европската турнеја на Џо Бајден во четврток ќе биде Хелсинки, главниот град на Финска, најновата членка на НАТО.

Пред сето ова, Џо Бајден решил малку да се опушти и е забележан како пристигнува во бела поло маица и шорцеви со сопругата Џил на плажата во близина на викендицата што ја поседува во Делавер.

New York Post пишува дека Џо Бајден таму читал книга, додека неговата сопруга уживала во погледот на морето.

ДелаверплажаСАДЏо Бајден