ВИДЕО 16-годишник снимил страшен момент: Бесен кит “скокна” на мал брод и ги фрли рибарите во морето, а момчето кое снима во паника го пали другиот чамец за да избега

Бесен кит нападна во вторникот мал брод во Портсмут.

На интернет кружи видео од кит кој успеал да преврти мал рибарски брод кај источниот брег на САД додека двајца преплашени морнари биле на него. Официјални лица велат дека китот превртел брод долг околу 7 метри.

Големиот цицач беше фатен на камера како излегува од водата во близина на Портсмут во вторникот. Снимен е од 16-годишниот  Колин Јагер.

На видеото можете да видите како огромното животно ја спушта муцката на задниот дел од малото пловило и фрла  две лица во водата

Според достапните информации, сите избегале од бродот и не се повредени. Не е јасно што го поттикнало големиот морски цицач да го преврти чамецот, пишува Daily Mail . 

Едно лице коментираше: „Ова е лудо – китовите не го прават ова случајно“.