До полициската станица во сараевската населба Илиџа се случил страшен инцидент кој го снимил еден од жителите на блиската зграда, објави srpskainfo.com.
Имено, по кратка расправија, еден маж почнал да ја удира наводно својата девојката. Најпрвин и удрил многу силни шлаканици по што паднала девојката на бетонот, а потоа продолжил да ја удира.
„Почитуван господине или госпоѓо, ви испраќам вознемирувачка снимка од маж како тепа жена на 50 метри од полициската станица Илиџа. Жената е позната како некоја што предизвикува проблеми, но тоа не е оправдување за ваквото однесување ниту пак некој има право некој да тепа некого толку брутално. Има надлежни институции кои би можеле да се повикаат на овој случај. Не знам што и претходеше на целата оваа ситуација, но тоа не е никакво оправдување за ваквото однесување“, се наведува во пораката што ја објави srpskainfo.com, а видеото предизвика бурни реакции во регионот.