Руските медиуми јавуваат за урнебесна драма што се одвивала на петтиот кат од станбена зграда во рускиот град Липек, град кој има половина милион жители, а медиумите објавија и видео-снимка од гол маж како бега од станот – преку балкон.
Стотици граѓани ја следеле „тепачката“ помеѓу голиот маж и жената на улицата „Побједа“ во споменатиот град. Човекот бил целосно гол додека се обидувал да побегне. Тој потоа се спушта на балконот долу и „исчезнува“ во станот.
Во меѓувреме на местото на настанот пристигнала полиција и вработени во Министерството за вонредни состојби на Русија.
Во следната сцена на видео-снимката, која се споделува на социјалните мрежи, се гледа истиот човек кој успеал од некаде да „украде“ гаќички.
Човекот се наоѓа на надворешната страна на оградата на истата зграда. Тој е видно нервозен и се обидува со ногата да го скрши прозорецот, но безуспешно. Во тој момент се скршила конструкцијата на клима уредот, а мажот паднал на платото, каде го пречекале бесни соседи и полицајци.
Според локалните медиуми, тој бил нападнат од човек со лопата, а на помош му дошле полицаец и лут сосед. Откако бил соборен, пристигнал и човек со палка. Потоа бил уапсен и му била укажана докторска помош.
Што точно се случувало на улицата „Побједе“ во зградата број 128. околу 19:30 часот на 31. мај, локалните медиуми се уште не можат да откријат – дали љубовникот бега од балконот поради тоа што влегол дома сопругот или неговото однесување било резултат на консумирање наркотици останува дилема, но првата верзија е многу поверодостојна според коментарите на Интернет.