Тијаго Родригез, кандидат за градоначалник на Гуаруха, е убиен по забава во тој бразилски град.
На ужасната видео-снимка се гледа како тој се обидува да му побегне на убиецот, трчајќи по улицата откако бил застрелан, но паднал на тротоарот пред повторно да биде застрелан. Медиумите јавуваат дека тој бил погоден со девет истрели. Напаѓачот носел маска.
Тијаго Родригез, кој инаку беше независен новинар, учествуваше во разоткривањето на неправилностите во здравствениот сектор и пишуваше за корупција во другите сфери на јавниот живот. Тој започна свое движење и почна да добива барања за помош од жителите.
Полицијата соопшти дека Тијаго Родригез бил убиен откако бил повреден на улица. Тој ја напуштил забавата придружуван од пријател, кој се уште не е идентификуван, а веднаш штом излегол напаѓачот отворил оган.
Неговиот автомобил бил пронајден со пукната гума.
Фернандо Вилавиченсио, кандидатот за претседател на Еквадор, да потсетиме, беше убиен на почетокот на август на предизборен митинг во Кито.