Гостувањето на Хелен Бериман во утринската програма „Good Morning Britan“ шокираше многу гледачи бидејќи таа седеше сосема гола во студиото.
Градските власти во Лондон во последните недели добија голем број поплаки бидејќи се поголем број граѓани се сончаат во парковите. По тој повод, уредниците на споменатата емисија ја поканија Хелен Бериман да учествува на дебата. Таа на утринската програма дошла гола и ја прашала публиката од кога е забрането сончањето.
„Од сите можни работи што се случуваат во светот, сончањето во парк е незаконско. Дали е толку голем проблем мирното сончање во скриен агол на паркот ? Нема ништо поважно од тоа, па ова е голем проблем !?“, рекла таа. Според „Lad Bible“, сончањето без костим за капење не е спротивно на законот се додека не им пречите на другите.
Во студиото со Хелен Бериман бил и водителот Ник Ед, кој истакнал дека разбира зошто нудистите се навредливи за некои луѓе.
„Ми пречи. Отидов во паркот да го видам зеленилото и птиците. Тоа е сè што навистина сакам да видам. Имам проблем со твоето однесување бидејќи е себично. Светот не се врти околу тебе и твојата потреба да се зајакне луѓето да ги прифатат своите тела. Го разбирам движењето за позитивност на телото, но вие не земате предвид дека на некои луѓе тоа им пречи“, рекол водителот.
Хелен Бериман само накратко одговорила дека тоа е само тело. Нејзиното гостување предизвика жестока дебата на телевизија, но и на социјалната мрежа Твитер, каде бројни корисници коментираа дека „го прекинале појадокот“ кога виделе гола жена во студиото.