Девојка по име Наоми, убавица која работи како стјуардеса во авиокомпанијата Ryanair, пред некој ден на својот профил на социјалната мрежа Тик Ток објави како изгледала нејзината прва средба со непознат млад човек на еден од аеродромите.
Видеото досега е прегледано над 50 милиони пати, а речиси сите корисници на таа социјална мрежа заклучија дека Наоми се заљубила на прв поглед.
До таа мисла корисниците ги доведоа нивните реакции, неговиот поглед и насмевка, но и начинот на кој таа реагираше.
Откако ќе го погледнете видеото, сосема е сигурно дека и вие ќе заклучите дека меѓу нив се родила симпатија, но пред некој ден Наоми јасно и гласно истакна дека е сè уште слободна девојка.
Со таа мисла многу луѓе тргнале во потрага, а во меѓувреме се обиделе да го пронајдат профилот на тој млад човек, па наишле на дечко од Бирмингем кој прилично одговара на описот на момчето од видеото.
Дали се заљубиле на прв поглед не е сигурно… Но Наоми сега ја следат повеќе од 150 илјади луѓе на Тик Ток и сите едвај го чекаат продолжението на приказната, за да слушнат дали и испратил порака и дали можеби договориле некаква средба.